Насекаде ти! (2019)

Демир е згоден млад архитект, кој ги одбива понудите за работа од големите компании затоа што сака да работи по свои правила. Поради оваа причина, тој се враќа во Истанбул да започне нов живот и купува мала архитектонска компанија која е пред банкрот. Изгледа дека тоа не е разумен избор, но Демир е уверен дека може да ја спаси оваа компанија преку успешно управување во рок од една година. Освен тоа, тој го купува и својот дом од детството од каде има многу драги спомени. Меѓутоа, неговиот живот се менува комплетно кога сфаќа дека неговиот дом од детството, по игра на случајности, е продаден и на друга личност - младата и бунтовна Селин.

И Демир и Селин тврдат дека тие се вистинскиот сопственик на куќата, но набрзо сфаќаат дека се само половични сопственици и немаат друг избор освен да живеат заедно под ист кров. Ниеден од двајцата не сака да го продаде својот удел и ниеден од нив не сака да се исели од таму. Тој се врати онаму каде одамна изгубил сè, а таа во овој дом гледа бегство од живот со родителите кои постојано ја тераат да се мажи. Многу незгодни ситуации, караници и местенки се случуваат меѓу двајцата млади во таа куќа, каде постојано ќе мора да се нервираат еден со друг и да се надитруваат. За ситуацијата да стане уште посложена, Селин дознава дека новиот сопственик на компанијата каде работи е ни помалку ни повеќе туку... Демир. Каде и да се сврти тој, ја гледа неа. Каде и да погледне таа, насекаде е тој. Нетрпеливоста и кавгите сепак постепено преминуваат во нешто сосема друго, затоа што меѓу двајцата се раѓа привлечност што навестува почеток на една нова интересна романса.

Улоги : Aybüke Pusat (Селин), Furkan Andıç (Демир)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 50 / 50