Фамилијата Реј (2012)

Главата на фамилијата Реј, дон Еверардо е еден од најпознатите и највлијателни моќници во Мексико. Сопственик е на семејната компанија гигант, а оженет е со Мануела со која има три деца, Вадо, Гиљермо и Матијас. Живеат на голема хациенда, опкружена со бајковити пејсажи и идила каква што секој би посакал. Меѓутоа, нивната приказна на богатство, власт и моќ има мрачна позадина, проткаена со неверства и предавства.

Безгрижноста на фамилијата Реј се чини дека ќе биде нарушена од Педро, човекот кој излегува од затвор и започнува да ја открива измамата која одамна му ја направил дон Еверардо Реј. Потполно е скршен и разочаран од сплетките на човекот кој го сметал за свој најдобар пријател, кој не само што го сместил во затвор, туку се оженил и со неговата сакана Ману и му го превзел целото богатство. За Педро доаѓа време на голема одмазда, време на враќање на она што одамна е загубено и вистинска војна со фамилијата Реј.

Воден од несопирливата желба за одмазда, Педро ги убедува своите деца, синот Педро Луис и ќерката Лоренса да ја мразат фамилијата Реј. И додека синот е опседнат со одмаздата кон фамилијата Реј, ќерката Лоренса е на чекор да му зададе удар на татка си каков што никој не можеше да очекува. Лоренса Малвидо е вљубена во Матијас Реј, и двајцата одлучуваат да се борат за својата љубов, и покрај сенките од минатото кои ги следат нивните семејства. Матијас и Лоренса ќе се венчаат и тој ја носи саканата сопруга на хациендата на својата фамилија.

Следува опасна игра на сплетки, ривалство и одмазда. Игра во која само љубовта е онаа што може да ги смири раскараните фамилии и да победи во борбата за моќ и одмазда.

 

Улоги : Росана Нахера (Лоренца), Мишел Браун (Матијас), Леонардо Гарсија (дон Еверардо), Офелија Медина (Мануела), Хосе Алонсо (Педро), Елизабет Сервантес (Паола), Каролина Миранда (Делфина "Фина"), Ариел Лопез Падиља (Гиљермо "Мемо"), Хуан Алфонсо Баптиста (Педро Луис)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 125 / 125