Дива земја (2017)

Приказна за две фамилии, за кои слогата станува погубна, а љубовта се претвора во омраза. Приказна за голема земја, израсната од пријателство и страст, а уништена од крв и солзи. Ова е приказна за семејството Кастањеда, од една страна, кои поседуваат огромни земјишта лозје и фамилијата Монтјел од друга страна. За нив, одгледувањето на грозјето и квалитетот на виното се начин на живот и најголема страст во нивните животи. Глава на Кастањеда е дон Крисанто Кастањеда, голем земјопоседник кој е оженет со Мерцедес и има четири возрасни деца - синовите Емилио и Леонардо, како и ќерките Аурора и Палома. Ќерката Аурора се враќа на имотот на нејзиниот татко, каде ја продолжува љубовната романса со Хуан Хосе, млад, несериозен и проблематичен човек кој е израснат дивјачки во тоа место. Тој е вонбрачен син на Пако Монтиел, кој пак сега е женет со Наталија и го има синот Луис. Но еден ден и една трагедија ќе ги промени животите на богатите Кастањеда, како и на сите оние кои живеат на нивната земја. Во една случајна сообраќајна несреќа, животот го губи Емилио, еден од синовите на богаташите, а за несреќата е обвинет и осуден Хуан Хосе, кој го возел камиончето. Така започнува опасната војна меѓу двете семејства, која навестува многу интриги, завери и мистериозно убиство.

Поради несреќата, Хуан Хосе завршува во затвор, а Аурора сфаќа дека нејзиниот живот мора да продолжи, но со достоен човек за нејзиното семејство. Затоа ќе се омажи со семејниот пријател и сплеткарош Роберто, но откако Хуанхо ќе излезе од затвор, повторно се разгорува страста во нејзиното срце.

Улоги : Ana Belena, Lambda García, Santiago Ramundo, Antonio de la Vega, Carolina Gómez, Miguel de Miguel, Gloria Peralta, Daniel Elbittar​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 72 / 72