1001 Ноќ (2006)

Ова е приказна за убавата Шехерезад која била мажена со Ахмет кој доаѓа од турско патријархално семејство. Шехерезад во бракот раѓа син, но кога детенцето има една година, нејзиниот сопруг умира во катастрофална несреќа. Несреќата за Шехерезад продолжува. Оставена е сама да се грижи за себе и синот, а најголемиот шок го доживува кога дознава дека синот и е болен од леукемија. Младата жена ги дава и телото и душата да му помогне на синот да се излечи, а за таа итна и скапа операција се потребни 150 000 долари. Банките не и даваат заем на Шехерезад, а ниту каменото срце на свекор и Бурхан не попушта пред солзите на очајната мајка. Нејзината свекрва Надидан е единствената личност од богатото семејство која ги сака и е подготвена да им помогне на Шехерезад и внучето Каан. Единствениот излез Шехерезад го наоѓа во големата градежна фирма "Binyapi Holding" каде работи како архитектка.

Фирмата е во сопствеништво на Онур Аксел и Керем Инчеоглу. Онур е цврст, тврд, упорен и успешен бизнисмен, кој поради едно лошо лично искуство, кон жените единствено чувствува бес, лутина и омраза. Откако ќе ја запознае Шехерезад, тој сфаќа дека таа е сосем поинаква жена и се вљубува во неа. Шехерезад и покрај личните проблеми, потполно е оддадена на работата и поради нејзините квалитети, таа добива престижна награда на еден натпревар во архитектура со што придонесува фирмата да добие значаен работен проект во Дубаи. Но и Керем, другиот сопственик е исто така вљубен во Шехерезад и е нејзин најдобар пријател. Заедничкиот интерес кон девојката ги нарушува пријателските и професионални односи на Онур и Керeм.

И токму во момент на очај и потреба од итно изнаоѓање на пари за операција на синот, Шехерезад добива непристоен предлог од нејзиниот шеф Онур. Тој и ветува дека ќе и ги даде потребните пари за операцијата засинот доколку помине една ноќ со него. По ноќта, тој не може да престане да мисли на Шехерезад и поради тоа договара нивно заедничко патување во Дубаи. За време на патувањето, тој повторно и го поставува истиот предлог, но овој пат за многу поголема сума на пари. Шехерезад е лута на тоа, сфаќа дека Онур постојано ќе и додева и затоа решава да се одалечи од него така што ќе најде друга работа.

Откако ќе ја дознае вистинската причина поради која девојката му побарала пари и била приморена да спие со него, Онур се кае поради своето непристојно однесување и решава да и покаже дека се грижи за неа и дека ја сака со целото свое срце.

Онур и нуди брак на Шехерезад, ја моли за прошка, а таа сфаќа дека и нејзиното срце бие за Онур.

Откако Шехерезад решава да се омажи за Онур, многу пречки се испречуваат на патот на нивната среќа. Најпрвин мајката на Онур не ја прифаќа Шехерезад за жена на својот син, но потоа ќе се предомисли, согледувајќи ја големата љубов меѓу Онур и Шехерезад. Шехерезад ќе ја напушти венчалната церемонија откако ќе биде убедена дека Онур понудил валкан предлог и на бивша вработена во фирмата.Тоа ќе ја принуди Шехерезад да го остави Онур. Шехерезад во меѓувреме ќе дознае дека Онур има ќерка од негоата поранешна девојка што исто така ќе ја искомплицира ситуацијата. Она што постојано и дава поткрепа на нашата хероина Шехерезад се нејзиното синче Каан и нејзината пријателка Бену, а прошка и каење пројавува и стариот Бурхан. Срцето на Бурхан омекнува и ги прифаќа Шехерезад и Каан, а за возврат целиот имот му го препишува на Каан.

Но она што дефинитивно може засекогаш да ја осуди врската на Онур и Шехерезад е тајната која и двајцата ја кријат - тајната за непристојниот предлог на Онур и прифатената понуда на Шехерезад за пари да спие со него. Taa тајна ја знае само Керем, пријателот на Онур.

Улоги: Halit Ergenc, Bergüzar Korel, Tardu Flordun, Ceyda Duvenci, Metin Çekmez, Tomris Incer, Demir Ergun, Merih Ermakastar, Yeliz Akkaya, Yonca Cevher, Mert Firat​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 125 / 125