Тајната на дивата река

1984 година, двете сестрички Инес и Марта карајќи се за кукличката, паѓаат во надојдената дива река. Додека нивниот татко се обидува да ги спаси, ја спасува постарата ќерка Инес, додека обидувајки се да ја спаси и помалата, реката ќе го одведе кон смртта. Телото на помалата сестра никогаш нема да биде најдено. Мајката е единствениот сведок на таа голема трагедија, во која животот го губи нејзиниот сопруг, а сите мислат и дека Марта е исто така мртва. Многу години подоцна, Инес е борбена девојка полна со добрина и без предрасуди, која верува дека нејзината сестра не е мртва и живее за денот кога ќе ја најде саканата сестра. Таа е сопственичка на еден ресторан заедно со нејзината мајка. Вљубена е во Жоао, момче за кое верува дека е човекот на нејзиниот живот. Тој е убав и згоден доктор, кој помага во многу хуманитарни акции. Откако ќе се врати од една таква на Амазон, тој сфаќа дека неговиот живот ќе нема смисла без Инес, па затоа и предлага брак, на што таа со задоволство кажува "да". Од друга страна, сестрата на Инес која ја однесе дивата река, всушност е жива. Откако паднала во реката, нејзе ја нашло едно семејство, ја посвоило и и' го дале името Дијана. Дијана сега не се сеќава на ништо. Откако ќе слушне еден разговор на луѓето што ја имаат посвоено, одеднаш и се враќа меморијата и се сеќава на се' што се случило кога била мала. Решава да ја пронајде нејзината вистинска сестра и да и се одмазди на Инес за несреќата што и се случила пред многу години. Таа е сигурна дека Инес ја бутнала во реката со намера да се ослободи од неа за да стане единствена наследничка, па затоа решава да и одземе се' што поседува. Дијана нема да бира средства да ја лиши Инес од богаттвото, а истовремено да и го превземе Жоао и целиот живот што и е украден.

 

Улоги : Diana Chaves, Diogo Morgado, Joana Santos, Custódia Gallego, João Ricardo, Joana Seixas, Carlos Vieira

 Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk