Една ноќ на јадранот

Серијата ги следи Кринка и Лола, две сестри во раните дваесетти години, и двете привлечни и доста интересни, но потполно различни како карактери. Кринка е повлечена, сака да мечтае и не е многу заинтересирана за љубовни односи. За разлика од неа, Лола е целосна спротивност - рано останала вдовица, но тоа не ја натерало да ја изгуби волјата за живот. Желбата да се живее и' носи голема радост, а среќата за неа се постојани флертови и средби со различни момчиња. Едно лето, тие две заедно со нивната мајка, одат на патување со брод во Венеција. Нивните животи се менуваат на тоа патување кога ќе ги сретнат Дубравко и Жарко. Колку голема ќе стане љубовта меѓу Кринка и Дубравко, ќе може ли Лола да го скроти срцето само за Жарко?

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk