Хај-Фај

Видеото ќе почне за 20
Скокни (5)
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.!
1,650 Прегледи
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.
Објавено

Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност која едниот ја има, а другиот не ја поседува или, пак, кај него се манифестира на друг начин, и низ поинаквото однесување во умеењето или неумеењето да се помине животот достојно за едно човечко битие... Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Во станот е сместено импровизирано тонско студио. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира, луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис. Тој смета дека е тоа бесмислен живот, без планови и идеали.За ваквата трансформација на синот тој ја обвинува поранешната сопруга која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет пред синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира. Според него, сега единственото што може да го направи - е да го „врати" синот на вистинскиот пат и да му покаже дека човек треба достојно да го минува времето што му е дадено. Борис се обидува да воспостави вистински релации во односите со синот, но не е умешен и тоа не му успева. Временската бариера во заедничкото живеење не се надминува лесно.Награди 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за режија за Владимир Блажевски1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за монтажа за Петар Марковиќ1987 ФЈИФ, Пула, Награда „Кодак" за фотографијата за Мишо Самоиловски1987 ФФ, Ниш, Голема повелба за главна машка улога за актерот Фабијан Шоваговиќ1987 Годишна награда на ревијата Екран за актерско остварување за Данчо Чевревски

Категории
Македонски филмови
Најави се или регистрирај се за да коментираш.
Бидете први и коментирајте на видеото.