Сафир (2023)

Зад зидините на древните конаци и во нишките на вековната традиција, животите на едно семејство ќе бидат уништени од една голема трагедија, а огнот на одмаздата ќе почне да се разгорува толку силно што ништо повеќе нема да може да го згасне.

Семејството Ѓулсој е едно од најистакнатите и најпочитувани во Кападокија, кои по долги години повторно се обединуваат.

По годините минати во странство, во своето родно место се враќа Атеш за да им се придружи на неговите браќа Јаман и Окан во преземањето и проширувањето на семејниот бизнис, основан од нивниот доминантен дедо.

Јаман од мали нозе бил заљубен во Фераје и планира да се ожени со неа. Фераје живее со нејзиниот татко, маќеата Џемиле, братот и полусестрата, кои работат како слуги во замокот на богатата фамилија Ѓулсој.

Но, една трагедија ќе ги уништи сите планови, ќе ги скрши срцата на Фераје и Јаман и ќе го смени текот на приказната. Јаман и Окан ќе прикријат едно убиство, а за тоа ќе дознае злобната слугинка Џемиле и ќе ги уцени. Во замена за тоа да не ја открие тајната за убиството, Џемиле ќе побара од Јаман да ја остави нејзината паштерка Фераје и да се ожени со нејзината ќерка, ставајќи го прстенот од сафир токму на неа. За да го заштити брата си, Јаман ќе мора да се согласи на таа страшна уцена и да ја напушти саканата. За Фераје следува големо разочарување и гнев кон Јаман. Девојката чека негово дете, но Атеш е тој кој што ќе реши да се ожени со Фераје и да ја заштити нејзината гордост во име на честа и правдината.

Како што се откриваат тајните, семејството се соочува со опасност, закана од крвава одмазда и неочекувани одлуки. Борба за чест, сурова одмазда и неверојатни интриги следуваат во серијата полна со скриени вистини и неочекувани заплети.

Улоги : Özge Yağız (Фераје), Burak Berkay Akgül (Јаман), İlhan Şen (Атеш)

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 73 / 73