Ранети птици (2019)

Пред неколку години, богатата фамилија Метеаноглу доживеала вистинска семејна трагедија. Левент останал без неговото синче Ефе, кое како малечко било киднапирано и дадено на еден сиромашен измамник. Човекот кој го зел бебето се вика Дурмуш, злобен и прост сиромашен човек, кој цел живот се занимавал со улични кражби и криминал. Токму тој, Дурмуш, сакал да го продаде бебето, но за среќа, завршил во затвор, и бебето останало во рацете на неговата ќерка Мерием. Мерием е таа која со чисто срце и љубов се грижела за малото детенце на кое му го дала името Омер. Откако излегува Дурмуш од затвор, девојката мора да работи и дополнителна работа за да ги издржува братчето и нејзиниот татко, кој постојано ѝ ги зема заработените пари. Времето додека не е дома, го искористува нејзиниот лош татко, така што го носи малиот Омер да проси по улиците и на тој начин да му донесе многу пари.

Судбината на Мерием и нејзиното братче Омер се менуваат кога ќе го запознаат богатиот Левент Метеаноглу. Бизнисменот не знае дека Омер е неговото исчезнато дете, а ниту Мерием не претпоставува дека постепено се вљубува во биолошкиот татко на Омер. Мерием и малиот Омер ќе успеат да избегаат од злобните и кобни планови на Дурмуш, а помош и засолниште добиваат од страна на Левент. Во богатата вила на семејството на Левент, никој нема срдечно да ги пречека Мерием и детето. Братот и снаата на Левент се оние кои по секоја цена го сакаат семејното наследство само за нив, а пречка кон целта нема да им биде само Левент, туку и Омер, кој е вистинскиот син на Левент и единствен наследник на богатството.

 

Улоги : Gizem Arıkan, Emre Mete Sönme, zAli Yasin Özegemen, Ayşen İnci, Özgür Özberk, Cemre Melis Çınar​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 144 / 144