Не те заборавам (2015)

Животот на Нехир не е типичен како за секое девојче. Имаше семејство, а како што велеше татко ѝ, тоа е најважното во животот. Секогаш кога ќе си спомнe за него и за семејството, ја напаѓаат спомени што ја враќаат во раното детство, кога покрај љубовта на татко ѝ, можеше да поднесе и преброди сѐ. Нејзиниот татко многу ја сакаше, штитеше, се жртвуваше за неа и сонуваше дека еден ден ќе стане успешен архитект. Мајка ѝ Ферал беше тотално поразлична од татко ѝ. И покрај тоа што постојано Нехир ѝ помагала колу домашните обврски и се трудела во сѐ да ѝ угоди, таа никогаш не била задоволна од неа, никогаш не покажувајќи мајчинска грижа и љубов. Ферал беше строга и неправедна кон малата Нехир, и затоа самото девојче сфатило дека тоа не е нејзината вистинска мајка, туку дека е посвоена во таа куќа. Но тука бил сепак нејзиниот сакан татко што ја посвоил. Кога тргнале за Истанбул на печалба, татко ѝ верувал дека неговот најдобар војнички другар Џелил ќе му помогне и ќе ѝм најде место за живеење. Но, не излегло како што очекувале. За жал, среќата траела кратко. 

Татко ѝ на Нехир починал прерано, но таа никогаш не го прежали. Си ветила дека многу ќе работи, дека ќе го издржува семејството и ќе се грижи за мајката, за брат ѝ Синан, и за нејзините две сестри Пинар и Сема. Нехир си ветила дека ќе биде столбот и храброста на семејството, но години подоцна таа ја пронаоѓа својата биолошка мајка. Асу е сега мажена за господин Сенџер и ги одгледува неговите деца како свои, но нејзиниот мајчински инстинкт никогаш не ја излажал дека девојчето што ѝ било украдено од колевката е всушност живо.

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 24 / 24