Преспав

Коста и Ула се брачен пар кои се одлучуваат семејната куќа да ја преадаптираат во пансион што ќе ја збогати туристичката понуда на преспанското крајбрежје. Братот на Коста, Тони успева да најде финансиски средства за да го отворат пансионот, додека Миле, најстариот брат Бузалевски, е противник на постоењето на пансион со прецизни правила и секогаш настојува да ја урне идејата за семеен бизнис од таков тип. Доволно комплицирани и комично поставени, односите помеѓу “играчите“, го прават животот во пансионот динамичен и непредвидлив. Со секоја следна епизода полека станува јасно дека Преспав не само што нема да стане европски пансион, туку се повеќе наликува на балканска биртија. 

 

               

    

Извинете, моментално нема видеа овде.