Fast Five (2011)

Видеото ќе почне за 10
Скокни (5)
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.!
37,418 Прегледи
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.
Објавено

Кога Доменик “Дом” Торето го префрлаат цо автобус во затворот Ломпос,неговата сестра Миа Торето и неговиот другар Брајан О Конор,извршуваат напад врз автобусот,предизвикувачи да се преврти и да го ослободат Дом.Додека властите трагаат по нив,триото бега во Рио де Жанеиро.Чекајќи го пристигнувањето на Дом,Миа и Брајан му се придружуваат на нивниот пријател Винс и други учесници во работата за да украдат три коли од еден воз.Брајан и Миа дознаваат дека агентите од Америчката Агенција за сузбивање на криминал со дрога се исто така во возот и дека колите се запленети.Кога Дом пристигнува со другите учесници,тој сфаќа дека еден од нив,Зизи,го интересира кражбата само за една кола,Форд ГТ40.Дом и кажува на Миа да ја земе колата,пред тој и Брајан да се борат со Зизи и неговиот приврзаник,каде што Зизи ги убива агентите од ДЕА задолжени за возилата.Дом и Брајан ги фаќаат и ги носат кај шефот на криминалот Хернан Рејес,сопственик на колите и шеф на Зизи.Рејес наредува да ги испрашуваат и двајцата за да ја дознаат локацијата на колите,но двајцата успеваат да избегаат и да се вратат во нивното засолниште. Додека Брајан,Дом и Миа ја испитуваат колата за да ја дознаат нејзината важност,доаѓа Винс кој е фатен како пробува да го извади компјутерскиот чип од неа.Признава дека планирал да му го продаде чипот на Рејес и тогаш Дом му наредува да си замине.Брајан го испитува чипот и открива дека содржи детали од криминалната империја на Рејес,вклучувајќи ги и локациите на 100 милиони американски долари во кеш.Следејќи го убиството на агентите на ДЕА во возот,по вина на Дом и неговиот тим,агентот од агенцијата за одбрана и обезбедување Лук Хобс и неговиот тим пристигнуваат во Рио да ги уапсат Дом и Брајан.Со помош на локалниот офицер Елена Невес,тие пристигнуваат во засолништето на Дом,но го наоѓаат нападнат од луѓето на Рејес.Брајан,Дом и Миа бегаат и Дом предлага да се радела и да го напуштат Рио,но тогаш Миа им кажува дека очекува дете од Брајан.Дом се согласува да останат заедно и предлага да му ги украдат парите на Рејес за да започнат нов живот.Триото организира тим за да ја извршат кражбата,собирајќи ги Хан Соел-Ох,Роман Пирс,Теј Паркер,Жизел Јашар,Лео и Сантос.Винс подоцна му се придружува на тимот откако ќе ја спаси Миа од луѓето на Рејес,добивајќи ја повторно довербата на Дом. Хобс и неговиот тим на крајот ги наоѓаат и уапсуваат Дом,Миа,Брајан и Винс.Додека ги пренесуваат до аеродромот за да ги префрлат во Америка,конвојот е нападнат од луѓето на Рејес кои го убиваат тимот на Хобс.Хобс и Елена се спасени од Дом,Брајан,Миа и Винс кои заедно се борат против луѓето на Рејес кои на крајот бегаат,но Винс е ранет и потоа умира.Сакајќи да се одмаздат за нивниот тим,Хобс и Елена се согласуваат да помогнат во кражбата.Бандата провалува во полициската станица каде што се чуваат парите на Рејес и го влечат сефот од зградата со помош на нивните коли,влечејќи го низ градот додека полицијата ги брка.Мислејќи дека нема да можат да и побегнат на полицијата,Дом го тера Брајан да продолжи без него додека тој ја напаѓа полицијата и Рејес,користејќи го сефот заврзан за неговата кола за да ги згмечи нивните возила.Брајан се враќа и го убива Зизи,додека Рејес е тешко повреден од нападот на Дом.Хобс пристигнува на местото и го убива Рејес.Хобс одбива да го ослободи Дом и Брајан,но и покрај волјата да ги уапси,се согласува да им даде 24 часа од моментот за да избегаат.Бандата си ги дели парите на Рејес,оставајќи го делот на Винс на неговото семејство,пред секој член да отиде на своја страна. На плажа,Брајан и Миа ,на која веќе и се приметува стомакот, ужуваат.Брајан го предизвикува Дом на финале,не ризична трка за да се докаже кој е подобар возач. Во последната сцена,Моника Фуентес му дава папка во врска со фиднапирање на воен конвој во Берлин.Во папката Хобс гледа најнова фотографија од поранешната девојка на Дом,Лети Ортиз за која се претпоставува дека е мртва.

Категории
Акција Трилер Криминал 2011
Најави се или регистрирај се за да коментираш.
Бидете први и коментирајте на видеото.