Вистинска ѕвезда

Категории

Подреди

Елиза е млада и сиромашна девојка, која живее со својата мајка Гилда, очувот алкохоличар Дино и нивните две деца. Таа не си го познава својот биолошки татко, и секогаш слушала приказни од мајка си дека тој е камионџија кој времето го минувал по патишта. Желбата на Елиза е да се спаси себеси, но и своето семејство од една таква тешка финансиска ситуација во која се наоѓаат, но... нејзиниот живот почнува да станува пекол поради очувот кој многу лошо се однесува кон неа. За да избега од својот очув кој постојано ја прогонува, таа ќе побегне сама во Рио де Женеиро. Првиот ден, младата жена е жртва на грабеж и е принудена да живее на улица, каде што се среќава со Џонатан, харизматичен продавач на автомобили и бонбони. Со негова  помош, Елиза почнува да продава цвеќиња за да преживее, но и ќе почне искрено пријателство кое ветува дека ќе прерасне во прекрасна љубовна приказна. Елиза ја забележува сопственик на агенцијата за манекенки, Артуро , кој има афера со амбициозната Каролина која е директорка на модното списание "Totally Diva". Керол го предизвикува Артуро да ја трансформира Елиза во гламурозен модел способна да победи на натпревар за убавина и така да стане вистинска ѕвезда. Коцката е фрлена, но кому сега таа ќе треба да верува? За време на трансформацијата на Елиза, Артуро навистина се вљубува во девојката... и тука започнуваат сплетките кои ќе донесат низа драматични и неочекувани ситуации во животот на Елиза. Во големиот град, таа сфати дека принцови и самовили не постојат, но и дека новите почетоци не се воопшто лесни. Сепак, во животот вреди да се проба. За да го спаси семејството од сиромаштија, таа ќе стане вистинска ѕвезда, но ќе мора да ја плати и цената на славата.

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

 

RSS