Супер татко

Категории

Подреди

Тој е од оние ликови на кои честа и достоинството им се најважни во животот. Што би рекле ние, тој е човек со крст на чело, кој не прави компромиси кога моралот е во прашање. Сето ова прави да биде неразбран од околината, и посебно од неговата сопруга која почнува да ги презира неговите високи морални принципи. Ете тоа е Мурат, познат глумец кој синхронизира детски серии, но не и филмови во кои треба да биде убиец или измамник. А колку Мурат е прекрасен татко за своите деца, потврдуваат самите тие, со љубовта и приврзаноста што постојано му ги покажуваат. Уште на самиот почеток на серијата, Мурат ќе биде ставен во ситуација да мора да го напушти домот, и да биде подалеку од децата. И тоа просто ќе го скрши. Но, тој супер татко и глумец, многу брзо ќе најде решение, и ќе почне да ја игра најважната улога во својот живот. Како Мурат ќе се претвори во слугинката Јашар, и какви семејни згоди и незгоди претстојат, ќе гледаме и уживаме во „Супер татко“. А за ликот на Ела – сопругата на Мурат? Таа не е ништо поразлична од сите амбициозни мајки кои сакаат се’ да имаат под своја контрола. Меѓу нас речено, таа е една од оние напорни мајки кои сакајќи им само најдобро на своите деца, буквално ги тероризираат, избирајќи им нај-училиште, нај-другари, нај-дадилка... Токму таа потреба од перфекција ги прави овие мајки да бидат уморни, раздразливи, да дофрлуваат дека се’ е на нивен грб. Таква мајка е нашата Ела. За неа нема добра дадилка. Мајка и’ и свекрва и’ не умеат да ги чуваат децата, па дури и сопругот го смета за неспособен да одговори на сите создадени потреби.

RSS