Султана

Категории

Подреди

Приказната за Султана започнува години порано кога младата девојка бега од својот дом и решава да се омажи со Шехмус, и покрај противењето на нејзините родители. Но, на денот на свадбата, нејзиниот сакан заминува во Франција и ја остава Султана кај неговото семејство. Поминуваат 15 години... таа живее со неговото семејство, одлучна да го чека сопругот и никогаш да не се откаже од него. Султана е жената што во надеж и копнеж 15 години го чекала својот сопруг да се врати, жената чија љубов стрпливо ги надминала искушенијата на околината и достоинствено го дочекала мажот. Доаѓа денот кога Шехмус се враќа во родното место, сосема неочекувано. Султана е среќна, но и разочарана во исто време. Шехмус не се враќа сам, и не се враќа за Султана. Тој доаѓа заедно со неговиот син, кој го добил од некоја си жена во Франција. Гневот на Султана расте од ден на ден, но Шехмус овој пат е решен да не ја напушти никогаш повеќе, да се бори да ја врати назад нејзината доверба и да ѝ докаже дека таа е жената на неговиот живот. Но, Султана, повредена, си заминува од тој дом. 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS