Сезона на црешите

Подреди

 Оику е млада девојка, која живее скромен живот со мајка ѝ и малото братче, а студира за моден дизајнер на еден универзитет. Вљубена е од мали нозе во Мете, но никогаш не ги искажала своите чувства кон него, па така тој не е ни свесен дека таа девојка воопшто е “затрескана” во него. Но, еден ден, Оику се запознава со богатиот и згоден Ајаз, во обидот и двајцата да се качат во исто такси возило. Иако нивната прва средба поминува во кавга, поради своеглавоста на двајцата, сепак Оику и Ајаз со тек на време се зближуваат еден со друг. Ајаз е успешен архитект, кој работи со Мете. Тој е млад, арогантен и згоден заводник, кој ноќите никогаш не ги минува со иста жена. Син е на познат моден дизајнер, за кого Оику од секогаш сонувала да работи. Така се запознаваме со овие млади ликови. Ајаз се вљубува во Оику, иако Оику е вљубена во Мете, а пак Мете се вљубува во Сејма, пријателка на Оику од соседството која секогаш е љубоморна на Оику. Кога Оику ќе сфати самата дека нејзината љубов кон Мете е залудна и платонска, решава да се оттргне од него и да ги заборави своите чувства кон човекот кој никогаш не ја забележувал. Но, едно нејзино љубовно писмо наменето за Мете ќе заврши во канцеларијата на Ајаз и тој ќе помисли дека Оику е всушност заљубена во него. За да никој не ги открие нејзините скриени страсти кон Мете, таа ќе мора да излаже дека е вљубена во Ајаз и така двајцата ќе започнат една чудна љубовна романса, која со текот на времето преминува во топла и вистинска љубов.

Улоги : Özge Gürel, Serkan Çayoğlu, Dağhan Külegeç, Nilperi Şahinkaya

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS