Розoвиот Дијамант

Подреди

Во почетокот на приказната се запознавме со Росаура, префинетата сопруга на Едуардо Сотомајор, претседател на една од најголемите мексикански компании. Но, оваа навидум безгрешна дама има љубовник, а од таа врска сосема неочекувано и непланирано, Росаура забременува и раѓа девојче.
Поради тоа што се работи за дете од љубовникот, Росаура одлучува да се ослободи од детето и затоа ѝ плаќа на огорчената и таинствена Ракел да го тргне бебето. Ракел го остава девојчето во интернат за девојчиња, заедно со 18 бели и еден розов дијамант. Со секој бел дијамант е платена една година од сместувањето на девојчето во интернатот, а последниот, розевиот дијамант треба да се предаде оној момент кога девојчето ќе стане полнолетна. Директорката на интернатот, Мис Хелен и нејзиниот љубовник и соучесник Рамон ѝ го даваат името Роса на оставеното девојче.
Годините поминуваат, а Роса од симпатично девојче прераснува во преубава девојка. За неа најголемото богатство се соништата, а во интернатот се дружи со Ева, која е нејзина најдобра пријателка. Ева е во врска со Хосе Игнасио Алтамирано, млад претседател на фирма која е конкуренција на семејството Сотомајорови. Од таа врска, Ева останува бремена, но по породувањето, се случува голема трагедија и таа умира. Како би го исполнила аманетот даден на покојната другарка, Роса е приморана да започне нов живот. Го превзема нејзиниот идентитет и грижата за штотуку роденото синче, па затоа е решена да му се одмазди на богатиот Хосе Игнасио, убедена дека токму тој е одговорен за смртта на Ева. Меѓутоа, играта на одмазда за кратко време се претвора во љубов, а кога добро криените тајни ќе испливаат на површина, Роса ќе сфати дека животот за кој мислела дека не ѝ припаѓа ѝ е всушност многу близок.

Улоги : Карла Ернандез, Маурисио Окман, Лупита Ферер, Патрисио Кастиљо, Клаудија Рамирез и др.​

 Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

RSS