Нашата Дениз

Категории

Подреди

Уште на самиот старт од новелата, ја запознаваме главната хероина – Дениз. Дениз е скромна и паметна жена. Жена која навидум има сѐ што било која друга би посакала – богат живот во голема вила кој го дели со својот сопруг и двете деца. Верува на сите луѓе во нејзината близина, не знаејќи дека токму оние, најблиските може да ѝ забијат нож во грбот и тоа сосема одненадеж. Една од нив е нејзината пријателка Хулија… а еден од нив е и нејзиниот сопруг Алихан. Хулија ќе ја поттикне Шебнем, вработена во компанијата на Алихан да започне афера со него, а пак тој, Алихан, нема да може да одолее на Шебнем и во тајност, ќе ја изневери својата мила сопруга Дениз. Заслепен од страста кон Шебнем, Алихан ќе реши да остави сѐ зад себе, да ги остави својата жена и деца, да ја продаде компанијата и да замине далеку со љубовницата. И по само неколку дена од неговото заминување, Дениз го губи целото богатство и останува сама со својот стар татко и своите две деца. Оставена сама на себе и разочарана, за Дениз сепак животот мора да продолжи. Таа нема друг избор освен да се труди да го даде најдоброто за своите деца и да ги одведе на прав пат.  Сите заедно ќе мора да се преселат во едно сиромашно соседство, но тоа ни малку нема да ѝ се допадне на нејзината ќерка. За нашата Дениз и нејзините деца следуваат тешки времиња на прилагодување на новиот начин на живот, а на новиот пат, таа го запозна Мерит, кој стана нејзин спасител и човек кој ќе ја научи вистински да сака.

Главните улоги ги толкуваат Özge Özberk, Ahmet Kutsi 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS