Милост

Нарин е млада девојка која живее во еден сиромашен кварт, заедно со своето семејство. Нејзиниот татко Реџеп е алкохоличар без работа, кој често го малтретира своето семејство, па затоа единствена желба на Нарин е да побегне од таа куќа, да стане успешна жена која ќе застане на свои нозе. Реџеп бара од Нарин да работи и да носи пари, кои тој ќе може да ги троши на алкохол. Нарин има сестра која ја подржува во тоа што го планира и има брат, кој е заробен во оковите на традиционалните вредности и кој го подржува таткото дека Нарин треба да го напушти училиштето и да работи. Нивната мајка, Хатиџе со цел да не се наруши мирот и традицијата на семејството, ги подржува сопругот и синот, а пак таа, Нарин, девојката за која никој нема милост, пробува да биде силна и одлучна во тие околности во кои има тежок живот.

Нејзината судбина се менува кога дознава дека е примена на Правниот факултет во Истанбул. Нарин го напушта семејството, населбата и минатото го остава зад себе, заминувајќи во големиот град. А таму се запознава со богаташката Дениз, со која станува најдобра пријателка и која и' помага во се' што прави. По неколку години, Нарин станува успешна адвокатка и се чини дека нејзиното пријателство со Дениз ништо не може да го наруши. Меѓутоа, работите се менуваат кога во Истанбул се враќа сестрата на Дениз, Ирмак со својот вереник Фират. Фират е љубовта на Нарин од нејзините средношколски денови, оној кој одамна го осовил нејзиното срце и оној кој таа сеуште го сака.

Но, Фират не е единствениот кој ќе ја потсети на нејзиното минато. Адвокатската фирма во која работи го превзема случајот на превртливиот Сермет Карајал, личноста која ќе ја натера да се сети на времето кога била сиромашна и злоставувана девојка која сонувала за подобар живот. Сермет е опсесивно вљубен во младата адвокатка, кој ќе направи се' за да ја раздели од Фират.

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk