Каде е Зехра

Категории

Подреди

Зехра, млада девојка порасната во конзервативно семејство во Берлин, Германија. Никогаш немала прилика да оди на училиште и морала да се придржува до строгите правила поставени од нејзиното семејство. И токму тие ѝ договориле брак на Зехра, во замена за пари. Не можејќи да ги поднесе примитивните намери на нејзиното семејство, пред венчавката, таа решава да побегне од дома. Но, нејзиниот татко и нејзиниот брат ја пронаоѓаат, ја претепуваат до смрт и ја оставаат во крв и солзи да лежи на патот. Изгубената чест скапо ќе ја чини Зехра, затоа што таа го губи и бебето кое го очекува од љубениот Кадир, чија врска ѝ била претходно забранета. И сега, додека е во болница, таа дознава за некоја си девојка Ханде, која е исчезната 7 години. На памет ѝ паѓа генијална идеја - да глуми дека таа е всушност Ханде и да замине од болницата. Но, неочекувано појавување ќе го смени текот на настаните. Во болницата доаѓа вистинската мајка на Ханде која со душа чека да ја види својата одамна исчезната ќерка. Поради сличноста со Ханде, таа е убедена дека Зехра е всушност Ханде и веднаш решава да ја земе назад во Турција, кај нивното семејство. Така, Зехра заминува од местото каде ја претрпе најголемата трагедија и стигнува во Истанбул, станувајќи дел од богатото семејство Курдоглу. Сите од семејството се пресреќни што ја гледаат нивната Ханде дома, освен Серкан кој знае дека девојката што дошла е лажливка и натрапничка. Во новиот живот, таа го запознава и Генџо, љубовта на Ханде од младоста кој и овојпат се вљубува во новата Ханде, односно Зехра. Во новата куќа и во новиот живот, нема ништо да биде розово за Зехра. Таа сфаќа дека семејството е обвиено со страшни тајни, а сонот за кратко време ќе стане вистински кошмар. Додека Зехра се обидува да дознае што се случило со девојката чиј живот го живее, во Истанбул доаѓаат нејзините татко и брат за да ја земат девојката назад.

Улоги : Zeynep Çamcı (Зехра), Emre Kivilcim (Генџо), Ali Meriç (Исмаил), Hatice Aslan (Шуле), Seda Guven (Џерен) ...​

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS