Издржи срце

Категории

Подреди

Приказна за една мајка, чија најголема љубов ќе ја натера да ја направи најголемата трагедија која ќе ги промени животите на сите. Елван живее во беда и сиромаштија, работи на една поликлиника, а омажена е за Тахир, алкохоличар и коцкар кој често ја тепа и малтретира. Но, сето тоа, таа го трпи само заради нејзиниот син Селим и ќеркичката, нејзината најголема љубов. Селим е фан на фудбалскиот клуб Бешикташ и еден ден, играјќи си со топка на улица, него ќе го прегази автомобил. Состојбата на детето е критична, тоа е пренесено во болница, а мајката во очај и тага, секоја секунда се моли за неговиот живот. "Издржи срце" е нејзината најголема молитва, а стравот за животот и здравјето на синчето е поголем од било која друга болка.
Во меѓувреме Тахир решава да ги превземе работите во свој интерес. Тој успева да изнуди пари од семејството Шанал, чиј син ја предизвика несреќата. Шанал се моќно и богато семејство, кое не смее да дозволи нивниот син Атиф да оди во затвор, па така заедно со Тахир вината ќе ја префрлат на друг човек. Кога Елван ја открива вистината за крвавите пари кои ги зел Тахир за да ја прикрие вината на Шаналови, во афект го убива сопругот. Завршува во затвор, а нејзиното срце и понатаму ќе бие само за здравјето на нејзините деца. Тогаш се запознава со адвокатот Фуат, кој се вљубува во Елван и решава да го превземе нејзиниот случај. Но, ништо не е повеќе идеално. Тука е семејството Шанал и сопругата на Фуат, кои нема да сакаат да ја остават Елван на мира. 

Улоги : Cansel Elçin, Ece Uslu, Nilay Deniz, Berk Atan, Ege Aydan, Didem İnselel, Salman, Bengi Öztürk​

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

 

RSS