Ѓулпери

Подреди

Ѓулпери... жената која мораше да се откаже од сѐ во животот за да ги исполни очекувањата на татка си. Се откажа од Кадир, својата прва љубов, се откажа од образованието, се омажи за Ејуп, но неговото семејство никогаш не ја прифати за снаа. Сепак, животот на Ѓулпери беше среќен. Од бракот со Ејуп има три деца, но сознанието дека нејзиниот сопруг умрел на патувањето во Сирија ќе го промени и нејзиниот, но и животот на нејзините деца. Таа е приморана да живее во куќата на свекорот и еден ден е нападната од нејзиниот девер Ејдер кој сака да ја силува. Во обид да се одбрани, Ѓулпери го прободува со ножици и поради тоа е осудена на затворска казна. Нејзиниот деспотски свекор Јакуп го превзема старателството на нејзините три деца кои од тој момент ги труе против нивната сопствена мајка. Деновите минати зад решетки нема да бидат најголема казна за несреќната Ѓулпери, туку свеста за довербата од децата која е веќе изгубена. Дента кога излегува од затвор е денот кога сфаќа дека работите драстично се промениле. Бруталното семејство на нејзиниот маж не сака да ја примат во конакот и да ѝ ги дадат децата, па затоа таа е приморана да се пресели во Истанбул. Таму ќе мора да работи деноноќно како би заштедила пари за адвокат и би си го вратила старателството врз децата. По игра на судбината, го среќава Кадир, нејзината прва љубов кој ќе биде нејзин адвокат и спасител во намерата да ги врати децата. Најголемиот предизвик на Ѓулпери е да ја поврати љубовта на своите деца, да ги навикне на поинаков живот од оној кој го имаат во конакот, да ги тргне од канџите на тираните и злобниците. Но, кога ќе почувствува надеж дека работите ќе се средат, нивната одбивност кон мајката ќе ги сруши нејзините соништа и ќе отвори нова и поголема битка за љубов и правда. Битката на Ѓулпери ќе биде битка за своите деца, битка против злобното богато семејство кое нема да бира средства да ги земе внуците назад и засекогаш да ја тргне Ѓулпери од нивните животи.

Улоги : Nurgül Yeşilçay, Timuçin Esen, Tarık Papuçcuoğlu, Ece Sükan, Burak Dakak, Aleyna Özgeçen, Emir Özyakışır​

RSS