Елиф

Елиф е малечко и наивно шестгодишно девојче, кое живее заедно со својата болна мајка. Мелек во минатото била слугинка во богатото семејство Емироглу и имала афера со синот на семејството, убавиот Кенан. Од таа љубов се родила малата Елиф, но за тоа не знае никој освен Мелек. Кога Мелек мора да оди во болница, таа ја остава својата ќеркичка кај Емироглу кажувајќи го нејзиното вистинско потекло. Во богатата вила, малата Елиф ги добива симпатиите на дел од членовите на семејството, но има и такви кои ја гледаат како пречка во добивање на семејното наследство, пречка која мора да се отстрани. Тие злобни луѓе ќе направат се' за Елиф никогаш да не го добие вистинското место во богатото семејство.

 

Улоги: Selin Sezgin, Altuğ Seçkiner, Isabella Damla Güvenilir, Melis Cemre Çınar, Hasan Ballıktaş, Ozanay Alpkan, Emre Kıvılcım