Две бурми

Подреди

Што се случува во една куќа кога имаш две жени со твои бурми на нивните раце? Какви згоди и незгоди настануваат кога под еден кров живеат две сопруги и две семејства кои подеднакво исто ги сакаш? Викенд семејна комедија која ни прикажува топла и хумористична приказна за “Две бурми”. Метин и Перихан имаат две деца, а во потрага по среќа, се преселиле во Истанбул каде отвориле продавничка. Навидум нивниот живот изгледа идилично семеен, сѐ до моментот кога Перихан ќе исчезне во една сообраќајна несреќа. Метин губи секаква надеж дека неговата жена е жива и затоа решава да го продолжи животот понатаму и да им обезбеди добра иднина на неговите деца. 13 години подоцна, тој е женет со нова жена, Хулија, и има едно дете од неа, а живеат заедно со двете деца од неговиот брак со Перихан. Но, тоа што никој не го претпоставува е дека Перихан е жива и дека живее сиве овие години во центар за рехабилитација. По толку години, нејзе ѝ се враќа сеќавањето и решава да се врати дома, кај сопругот и децата. Во домот ја чека изненадување, нејзиниот Метин има нова жена и ново дете. Сепак, Метин е на крстопатот да одлучи што ќе прави. Тој ги сака и двете жени, ги сака сите деца и затоа сака и Перихан да живее под ист покрив со нив. Но, каков ќе биде животот за две жени мажени за ист маж кои сега ќе мора да живеат во иста куќа? Војната на двете сопруги започнува, но овојпат следува војна исполнета со многу хумор, непредвидливи подметнувања и вистински семеен урнебес.

Улоги : Fikret Kuсkan (Метин), Sebnem Bozoklu (Перихан), Dolunay Soysert (Хулија).

RSS