Црниот бисер

Категории

Подреди

Тие си ветија еден на друг дека ќе бидат заедно сѐ до судниот ден, сѐ додека смртта не ги раздели... Сиромашните Хазал и Кенан живеат во едно мало приморско гратче, а од нивната голема љубов и од плановите кои ги имаат за иднината, човек може само да позавиди. Тој израснал како сирак, а таа живее со мајка си Мелек, полусестрата Ебру и очувот, секојдневно врзувајќи крај со крај за да преживее. Но, и покрај сиромаштијата, тие не се предаваат и ја живеат нивната љубов, која трае од средношколските денови. Кенан работи како рибар, а Хазал во еден луксузен хотел. Црниот бисер кој ќе го најде Кенан на дното на морето ќе стане симбол на нивната љубов и ветувањето дека никогаш нема да се разделат. Но, на нивната желба да стапат во брак ќе се противи очувот на Хазал, сметајќи дека таа треба да се омажи за богат човек, а не за обичен рибар. Но, како и да е, Кенан и Хазал ќе се свршат и сега се на прагот од нивната свадба.
Сепак еден ден засекогаш ќе ги промени нивните спокојни животи, ќе ја разниша нивната бескрајна љубов и ќе ги урне нивните соништа. Во малото гратче доаѓа богатиот Вурал, кој откако ќе ја здогледа Хазал, во истиот момент се вљубува лудо во неа. Таа го потсетува премногу на неговата прва жена, Наз, која ја сакал опсесивно и болно. Но, плашејќи се од помислата дека може да го напушти, тој ја убил и на сите им кажал дека таа заминала. Сега, тајните од минатото започнуваат полека да се откриваат. Злобниот Вурал започнува безмилосна и опасна игра во која единствена цел е да ја има Хазал крај себе и да се ожени со неа. Ќе ја натера да дојде со него на јахтата, каде ќе ја силува и ќе ѝ се закани по животите на нејзините најблиски ако не се омажи за него. Очајна и скршена од болка, Хазал ќе мора да се омажи за Вурал, а со тоа и да раскине со Кенан, не кажувајќи му ја вистината за тоа што ѝ го направи Вурал. Хазал започнува живот во окови и тага, живот со психопат кој нема да бира средства да ја задржи крај себе. Дали таа ќе успее да се спаси од злобниот сопруг или црниот бисер ќе остане да сведочи за една голема, но завршена љубов?

Улоги : Hande Erçel (Хазал), Tolgahan Sayisman (Кенан), Berk Hakman (Вурал), Hüseyin Avni Danyal (Азиз), Yesim Büber (Мелек) и др.​

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS